Топ 10 најдобри градови за живот во 2019
- Детали
- петок, 15 март 2019
Во кој град луѓето постојано одат на концерти, во кој град имаат најмногу секс, а каде имаат најдобар ноќен живот?
Многу луѓе на прашањето „Кој е најдобриот град во светот?“ сигурно ќе одговорат дека тоа е нивниот роден град. Но, луѓето во кои градови навистина ја имаат таа привилегија?
Иако не може конкретно да се каже кој е најдобар град на светот затоа што сè зависи од субјективното гледиште и тоа што барате, но рангирањето според Time Out Index е спроведено според повеќе критериуми и тоа култура, храна, пијалаци, ноќен живот, соседски односи и чувство на среќа на жителите.
Учествувале 34.000 луѓе кои говореле за погодностите на своите родни градови и нивната убавина. Кој град е на првото место?