Девојка се пожали: „Ми рекоа да се покријам или ќе ме исфрлат од летот“
- Детали
- недела, 17 март 2019
Дали постојат бонтон правила за облекување кога патувате со авион? Една девојка се најде во неволја поради стајлингот...
Емили О’Конор (21) тврди дека персоналот на авиокомпанијата Thomas Cook ѝ се заканил дека ќе ја исфрли од летот од Бирмингем до Тенерифе. Тие ѝ кажале дека е непристојно облечена и дека ако не се покрие ќе мора да ја симнат од авионот.
Таа на Твитер се пожали дека ѝ рекле дека ако не облече некоја јакна или наметка нејзиното патување ќе биде спречено, а нејзината објава се прошири вирално.
„Бев толку вознемирена и тие јасно можеа да го видат тоа, но продолжија да ми велат дека сум непристојно облечена. Речиси ќе заплачев“, се пожали Емили.
Персоналот застанал до неа и не се помрднувал сѐ додека не нашла нешто за да облече.
Некои луѓе на Твитер застанаа во нејзина одбрана, додека други заклучија дека навистина била несоодветно облечена... Што мислите вие?
https://twitter.com/emroseoconnor/status/1105591871307431936/photo/1
С. С | Црнобело