Пар снимен како доцни, а крузерот за Бахамите им заминува пред очи (видео)
- Детали
- четврток, 28 февруари 2019
Доцнењето е ужасна навика, а овој пар доби сурова лекција. Болката се гледа во нивното панично викање и мавтање по крузерот.
Доцнењето е ужасна навика. Навистина е себично да им го трошите време на другите, зарем не? Никој не е должен да ве чека, а овој пример е совршена лекција за тоа.
Млад пар задоцни 45 минути од времето наведено за качување на крузерот кој патува кон Бахамите.
Крузерот Symphony of the Seas ги остави патниците, а нивната разочараност и реакциите ги снимаше патник од крузер паркиран во близина и ги прикачи на Јутуб.
На видеото се гледа дека парот е лежерно облечен, нема многу работи со себе и панично мавта по крузерот, но залудно. Тој отплови кон Бахамите без нив, а тие остануваат на местото каде за нив ќе се погрижи програмата Travel Protection Program, која ќе им помогне околу сместување, оброци и фаќање на следниот крузер за заминување од местото.
Реакциите на парот што задоцни:
С. С. | Црнобело