Разделени пријателки од детството се обединиле повторно кога се виделе во старечки дом по 70 години
- Детали
- вторник, 26 февруари 2019
Нора (91) и Ејлин (89) се две најдобри пријателки од детството кои изгубиле контакт, а по 70 години повторно се сретнале во старечки дом.
Нора била префрлена во нов старечки дом во август и се изненадила кога во јануари дошла нејзината пријателка од детството со која изгубила контакт, Ејлин.
Двете се познале веднаш штом се виделе иако биле одвоени и немале контакт 7 децении.
„Не верував дека повторно ќе ја видам Ејлин откако ни се разделија патиштата како деца и многу ми е драго што ја гледам. Не ми се верува дека сега ќе живее заедно со мене и ќе се гледаме секој ден. Многу сум среќна што имам најдобра пријателка повторно во животот, се чувствувам како ништо да не се променило.“ – изјавила Нора.
Откако се разделиле во тинејџерските денови, тие сега повторно се обединуваат и не може да бидат посреќни што ќе поминуваат време заедно, а семејството на Ејлин сега се грижи и за Нора, бидејќи таа нема нејзино.
Замислете колку е голема среќата на двете пензионерки што нема да повеќе да бидат осамени.
Повторна средба на најдобрите пријателки по 70 години - среќата опишана низ фотки:
М. М. | Црнобело