„Јас сум чуден“ - емотивна песничка на 10-годишно момче со аутизам стана вирален хит
- Детали
- понеделник, 18 февруари 2019
„Се чувствувам како исфрлен на некое изолирано место, сонувам за денот кога сè ќе биде во ред, се обидувам да се вклопам, се надевам дека еден ден ќе успеам...“, гласи дел од песничката што ја напиша за домашна задача.
Бенџамин Гирокс за домашна задача од својата учителка добил да напише песничка. Тој напишал искрено што го мачи.
Песничката со наслов „Јас сум“ ја трогнала неговата учителка, а сега и целиот свет.
Поезијата пренесува емоции и има моќ да допре до најскриените катчиња од нашето срце, а песничката на ова 10-годишно момче со аутизам дефинитивно успеа да го стори тоа и да допре до милион срца на луѓето ширум целиот свет.
Таа ќе ве расплаче и ќе ве остави без зборови. Прикажува емоции на еден неверојатен начин.
Неговата песничка:
Јас сум чуден, јас сум нов
Се прашувам дали си и ти
Слушам гласови во воздухот
Гледам дека ти не слушаш и тоа не е фер
Сакам да не се чувствувам тажно
Јас сум чуден, јас сум нов
Се преправам дека си и ти
Се чувствувам како момче од друга вселена
Ги допирам ѕвездите и се чувствувам како да не сум присутен тука
Се грижам што може да помислат другите
Плачам кога луѓето се смеат, тоа прави да се затворам
Јас сум чуден, јас сум нов
Разбирам сега дека и ти си
Кажувам дека се чувствувам како исфрлен на некое изолирано место
Сонувам за денот кога тоа ќе биде во ред
Се обидувам да се вклопам
Се надевам дека еден ден ќе успеам.
Јас сум чуден, јас нов.
С. С. | Црнобело