Полицијата ја уапси принцезата Елса, па се извини јавно
- Детали
- четврток, 31 јануари 2019
Екстремно ниските температури во САД доведоа до апсење на снежната принцеза од филмот „Frozen“. Неуспешна шега на полицијата?
Полицискиот оддел во Илиноис одлучи да се пошегува малку за да ја разбие паниката од прекумерните студови во некои делови од САД. Тие објавија фотографии како ја апсат принцезата Елса, поточно девојка облечена така, поради предизвикувањето на непријатни временски услови.
Дизни хероината од анимираниот филм „Frozen“ Елса е принцеза која се бори да ги контролира своите моќи кои ѝ дозволуваат да креира снешковци, да гради екстравагантни замоци од мраз и да го замрзнува цело кралство.
Во Фејсбук известувањето еден полицаец од одделот напиша дека поради екстремно студеното време Елса била уапсена.
ATTENTION: Due to the EXTREME COLD weather, all criminal activity and acts of stupidity and foolishness has been...
-->-->Posted by McLean Police Department on Tuesday, January 29, 2019
ATTENTION: Due to the EXTREME COLD weather, all criminal activity and acts of stupidity and foolishness has been...
-->Posted by McLean Police Department on Tuesday, January 29, 2019
И иако постот беше со хумористична нота, многумина го сфатија негативно затоа што се шегува на сметка на студот кој е неверојатно опасен, па и фатален по живот. Во САД поради екстремно ниските температури има случаи на луѓе смрзнати од студ.
Некои дополнително беа иритирани затоа што испадна дека полицајците користеле стари фотографии од апсење на девојка облечена како Елса во Јужна Каролина, а сега ги искористиле како свои.
Потоа полицијата од Илиноис упати јавно извинување, кажа дека фотографиите се од Јужна Каролина, а тие само ги симнале од интернет и смислиле приказна со цел да го поткренат духот на нацијата која се соочува со неверојатно ниски температури.
С. С. | Црнобело