Зошто кралското обезбедување ја предупредува Меган да не ја затвора сама вратата од автомобилот?
- Детали
- понеделник, 28 јануари 2019
Иако Меган постојано ги прекршува правилата, сепак таа понекогаш е многу скромна и ги воодушевува фановите со нејзината приземјеност и покрај кралскиот статус.
Во една прилика, имавме можност да ја видиме војвотката од Сасекс како сама си ја затвора вратата од автомобилот, иако покрај неа има луѓе кои се „задолжени за тоа“.
Сепак, еден месец подоцна, таа беше забележана како излегува од автомобилот и ја остава вратата отворена. Зошто?
Иако за многумина е потег за почит тоа што таа се однесува како секој нормален човек и сама ја затвора вратата, сепак заштитниците на кралското семејство се загрижени.
Меган не е првиот член на семејството што сама си ја затвора вратата, бидејќи и Кејт е забележана како го прави истото, но сега и двете, ќе мора да внимаваат на оваа навика.
Всушност, оставањето на вратата не е потег на „летање во облаци“, туку обид за заштита.
Обезбедувањето и полицијата за заштита на кралското семејство ја предупредило Меган да не ја затвора вратата, заради можности од напад.
Најчесто, при затворањето на вратата, таа автоматски се заклучува, па во случај на напад, војвотката, а и обезбедувањето, нема да можат брзо да реагираат во случај на потреба од бегство.
Па, следниот пат кога ќе ги видите членовите од кралското семејство како се однесуваат како „снобови“, помислете дека можеби има причина за тоа, за нивна безбедност.
М. М. | Црнобело