Скромниот потег на Меган Маркл на првото соло појавување ги воодушеви твитерџиите
- Детали
- среда, 26 септември 2018
Сопругата на принцот Хари уште еднаш докажа дека е сосема нормална приземјена девојка и покрај кралската титула.
Меган Маркл веќе некое време е посветена на кралските обврски, но секогаш е во придружба на принцот Хари. Сега, таа за првпат присуствуваше на еден настан сама.
Меган се појави во елегантен црн Givenchy фустан на изложбата „Oceania“ на Кралската академија на уметности.
Само 4 месеци по свадбата со Хари, покажува дека одлично се снаоѓа како дел од британското кралско семејство. Но, еден нејзин потег докажа дека таа сè уште е сосема нормална скромна девојка.
Меган по пристигнувањето на настанот излезе од автомобилот, а потоа сама си ја затвори вратата, што не е типично за кралските припадници и обично некој друг го прави тоа за нив.
Твитерџиите беа воодушевени што Меган остана приземјена и покрај нејзиниот кралски статус.
Дел од твитовите за неа:
Video: #duchessofsussex arrives at the RA. A princess who still takes the time to shut her car door. Well done Meghan! pic.twitter.com/kJZXctr8AH
— Emily Andrews (@byEmilyAndrews) September 25, 2018
First time I've seen an on-duty princess shut her own car door... https://t.co/5Mg9TOi6lo
— Christopher Wilson (@TheWislon) September 25, 2018
I had to smile - Meghan is closing the door of that car herself - you know she´s still used to doing that...😉😊 https://t.co/YB9tGNdRlq
— Royal Eve (@_RoyalEve_) September 25, 2018
I don’t think #MeghanMarkle sees herself as better than anyone else. She knows that she and #PrineHarry are blessed to have found each other. I’m proud of her. Life is good.
— Marian Owens (@OwensMarian7) September 25, 2018
Cute how she closed the car door!
— LRR (@LRos123) September 25, 2018
Како изгледаше Меган на настанот:
С. С. | Црнобело