Потрошил 30.000 долари на 11 пластични операции за да биде како Мајкл Џексон, а ни мајка му не го препознава
- Детали
- петок, 25 јануари 2019
Лео Бланко е 22-годишно момче кое сака да стане имитатор на Мајкл Џексон, а за таа цел потрошил 30.000 долари за пластични операции од неговата 15-годишна возраст.
Аргентинецот уште од 15 години започнал со операции и козметички процедури за да изгледа како Мајкл Џексон, а неговата мајка признава дека некогаш дури ни таа не го препознава, па тоа ја прави анксиозна.
Тој е опседнат со Мајкл Џексон уште од детството и отсекогаш сакал да изгледа како неговиот херој, а дури ни 11-те пластични операции, не го прават задоволен од изгледот.
Лео настапува на шоуа, па дури и на улица, го гледал неговиот омилен пејач постојано и ги „апсорбирал“ сите негови движења и информации за него.
Иако тој вели дека секоја операција го носи поблиску до целта, сепак, неговата мајка е загрижена за нејзиниот син и понекогаш се прашува дали ќе остане жив за време на секоја операција, а Лео пак, на шега ја обвинува неа што не го родила со подобар изглед.