Инстаграм фотки од поранешна стјуардеса со кои јавно ги срами патниците кои немаат никаква култура
- Детали
- недела, 06 јануари 2019
Некултурните и диви патници се нешто од што очигледно никогаш нема да се спасиме, па единствено што може да правиме е јавно да ги срамиме.
Токму тоа го прави една поранешна стјуардеса, која отворила Инстаграм профил на кој ги објавува најужасните работи кои ги видела од патниците на лет.
На стјуардесата ѝ дошло преку глава од дивото и некултурно однесување на патниците во авион, па одлучила јавно да ги засрамува, сега пред повеќе од 700.000 следбенции.
„Чувствувам како да се случува насекаде. Добиваме многу фотки од работи кои се случуваат на терминалот, како и во авионот. Не верувам во приказните кои ги кажуваат дека немаат доволно место, па мора нозете да им ги стават под нос на останатите патници до нив. Се извинувам за грозните фотки од стапала, но тоа е, лудост е.“
И веројатно, овие луѓе го заслужуваат само тоа, бидејќи никој не е должен да ги гледа нивните боси нозе, да ги мириса нивните чорапи, да го гледа ѓубрето од храна кое го оставаат насекаде, дури и во прва класа, да гледа како се пресоблекуваат или сечат нокти...
Погледнете дел од фотките кои се споделени на профилот и со што мора тие да се соочуваaт:
М. М. | Црнобело