Забрана за родендени и јога: 10 чудни работи во кои веруваат Јеховините сведоци
- Детали
- понеделник, 17 декември 2018
Тие не слават Божиќ, Велигден, не носат тесни панталони и себеси се сметаат за политички неутрални.
Верувањата на Амишите, Скиентолозите, па и Јеховините сведоци отсекогаш ја интригирале јавноста.
Работи во кои веруваат Јеховините сведоци:
- Имаат чудна листа од 141 работа што не можат да ја прават, меѓу кои и забрана за славење на Божиќ и Велигден, трансфузија на крв, практикување јога итн.
- Строг дрес код и забрана за некои парчиња на облека, како што се тесните панталони на пример.
- Имаат сопствена верзија на Библијата во која се променети многу работи.
- Не слават родендени затоа што родендените наводно имале паганско потекло.
- Веруваат дека точно 144.000 луѓе ќе одат во рајот, а остатокот ќе живее на земјата засекогаш. Не веруваат во пекол.
- Не го ценат високото образование и факултетската диплома, се смета дека е губење на време и посочува на недостиг од верба.
- Не гласаат затоа што сметаат дека нема потреба да гласаат и се нарекуваат политички неутрални.
- Започнале со функционирање во 1870-тите.
- Не смеат да користат пиштол како заштита од напад на човек.
- Не веруваат во Дедо Мраз.
Прочитајте и Наоружани чувари, детски работни кампови: 10 застрашувачки факти за скиентолошката црква!
С. С. | Црнобело