„13 години бев парализиран – Родителите мислеа дека сум во кома, но бев потполно свесен“
- Детали
- четврток, 07 декември 2023
Приказната на Мартин Писториус од Англија е фасцинантна колку што е и застрашувачка. На само 12 години, тој изгубил целосна контрола над своето тело и бил во вегетативна состојба. Но, додека сите мислеле дека е во кома, Мартин бил свесен, само немал како да го каже тоа.
Мартин Писториус кој денес има 48 години, поминал долг период во вид кома.
Но, разликата е што тој бил свесен за сè што се случувало околу него, единствено не можел да си го помрдне телото. Или, со други зборови, бил заробен во свето тело.
Кога имал 12 години, Мартин си дошол од училиште и се пожалил дека го боли грлото.
Кога отишол на лекар, му препишале терапија за грип, но неговата состојба набрзо се влошила, па бил хоспитализиран.
„Ми направија тестирање и ме дијагностицираа со вид менингитис и туберкулоза. Телото ми ослабе и ја изгубив способноста да зборувам и да го контролирам моето движење“, раскажува тој.
На неговите родители – Џоан и Родни – не им било јасно зошто Мартин одеднаш бил во вегетативна состојба, но решиле дека нема да се откажат и ќе го чекаат да оздрави.
На почетокот, Мартин вели дека не бил свесен што му се случува. Но, околу четири години подоцна, почнал „да се буди“.
„Се сеќавам околу мојот 16-ти роденден како луѓе околу мене зборуваа за брадата што почнала да ми расте и се прашуваа дали да ми ја избричат. Можев да слушам, гледам и разберам сè околу себе, но нема никаква моќ ил контрола над ништо.
За мене, тоа чувство на потполна немоќност е можеби најлошото нешто што сум го искусил. И, се надевам дека нема да го искусам повторно. Се чувствував како да не постојам, за секоја ситница во мојот живот одлучуваа други“, раскажува Мартин.
Неговите сакани, пак, воопшто не знаеле дека Мартин станал свесен за неговото опкружување.
Поради ова, имало ситуација кога мајка му му рекла дека се надева дека ќе умре.
Мартин вели дека бил повреден, но истакнува дека ја разбирал зошто го рекла тоа – само сакала неговото страдање да престане.