Бодибилдер чија фотка стана хит меме совршено им одговори на твитерџиите
- Детали
- четврток, 13 декември 2018
Неговата разголена фотографија ја поврзаа со насилство на жени, а мускулестиот Данец им даде одговор вреден аплауз.
Бодибилдерот Søren Falby од Данска стана хит меме откако една од неговите фотографии беше искористена од страна на твитерџиите.
Над фотката од разголениот мускулест бодибилдер тие напишаа: „Ако ја удри мајка ти, што ќе направиш?“
https://twitter.com/officialuwem/status/1002162642029563904?lang=en
Шегата вирално се споделува низ светот, но бодибилдерот кому не му се допадна ваквиот публицитет, им даде совршен одговор на твитерџиите.
Тој покажа дека е „ѕвер“ со нежно срце откако прокоментира дека никогаш не би удрил ничија мајка. Напиша дека ја сака својата мајка до смрт и дека таа би го убила ако некогаш удри жена.
Доказ за неговиот третман на жените е и фотографијата со неговата мајка на Инстаграм која ја има прикачено во 2017 година по повод нејзиниот роденден и под која пишува дека таа е најпрекрасната личност на целиот свет и ја обожава.
Запознајте го Søren Falby:
С. С. | Црнобело