Жени објаснуваат зошто сакаат да шетаат голи по дома (фото 18+)

Тие чистат и гледаат телевизија голи, некои од нив и пред своите деца, и велат дека на тој начин се чувствуваат самоуверено и среќно.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-01.jpg

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан призна дека обожава да шета гола во својот дом затоа што ѝ е многу удобно во својата кожа.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-02.jpg

Откако оваа вест за мајката на 3 деца осамна во медиумите уште низа други жени признаа дека сакаат да го прават тоа.

Тие откриваат зошто сакаат да шетаат голи по дома:

„Важно ми е син ми да види како изгледаат вистинските тела.“

Соња Моргенстерн (41) од Лондон вели дека шета гола пред својот 4-годишен син и дека важно ѝ е нејзиното дете да знае како изгледаат нормалните тела на нормалните луѓе, а не сите тие модели од магазините средени со Фотошоп.

Плус, смета дека голотијата е нормална работа и без разлика дали средува или гледа телевизија таа е гола во домот. Смета дека тоа покажува дека е самоуверена, среќна и се прифаќа себеси таква каква што е.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-03.jpg

„Чистам гола дома.“

Хејли Гарбут (51) живее со сопругот и трите деца. Вели дека чисти гола затоа што облеката ѝ е ограничување, плус смета дека е похигиенски така. На сопругот му пречело само кога ги чисти така прозорците затоа што соседите можеле да ја видат.

Кога доаѓа од работа вели дека едвај чека да ја соблече облеката од себе и да се ослободи од таа униформа на модата.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-04.jpg

„Нема ништо подобро од правење јога вежби гола.“

Марина Мирга (38) вели дека практикува да вежба јога гола затоа што на тој начин му оддава почит на своето тело. Најдобар миг ѝ е кога ги затвора очите, ги прекрстува нозете и ја чувствува енергијата на своето тело.

Се чувствува сензуално, женствено и самоуверено во вакво издание. Го прави тоа наутро или навечер кога нејзиниот 3-годишен син спие.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-05.jpg

„Симнав килограми, сега не сакам облека на себе.“

Франческа Хардинг (29) е фитнес инструктор кој го обожава своето тело откако изгубила 30 килограми. Секогаш носела широка машка облека за да се чувствува комфорно, но откако ослабела е посреќна и посамоуверена и сака да го покаже тоа.

Вели дека работела напорно за тоа тело и сега сака да ужива во него. Едноставно е вљубена во него.

zheni-objasnuvaat-zoshto-sakaat-da-shetaat-goli-po-doma-foto-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg