Кога надлежните не сакаат да ги поправат дупките на пат, луѓето ги пополнуваат со новогодишни елки
- Детали
- среда, 12 декември 2018
Група соседи сфатиле дека на градот му е потребно многу време за да поправи една дупка, па решиле самите да ја пополнат со новогодишна елка.
Во град во Пенсилванија, граѓаните се соочувале со проблеми заради дупка на нивната улица која стоела така неколку недели, а градот одбивал или оддолжувал да го среди проблемот.
Но, една жена од соседството, додека барала новогодишни декорации низ дома, дошла до генијална идеја како тие сами да ја пополнат дупката, а кој е подобар начин од ставањето новогодишна елка во неа?
Соседите на генијален начин го „украсиле“ соседството, но и се обиделе да постават безбедносно предупредување за возачите кои не би можеле да ја видат дупката, додека некој да ја поправи.
Веројатно ова е една од најдобрите идеи кои досега сме ги виделе, а очигледно треба да почнеме сите да ги применуваме, со оглед на тоа што кратко потоа, градот ја поправил дупката.
Anyone guess my assignment for the day?
-->Posted by Jim Hamill on Monday, December 10, 2018
Posted by Jim Hamill on Monday, 10 December 2018
М. М. | Црнобело