Како богатите мажи во светот ги избегнуваат стапиците на спонзорушите?
- Детали
- петок, 30 ноември 2018
Стравот од спонзоруши, „непосакувани“ деца и губење на милиони ги тера на драстична мерка.
Богатите луѓе водат живот исполнет со забава и авантури и не сакаат ништо да им пречи на патот до тоа.
Но, постојано ги демне опасност од спонзорушите кои сакаат по секоја цена да стигнат до нивното богатство, а најдобриот начин за тоа е да забременат од нив.
Поради ова богатите мажи од САД и Европа станаа толку параноични што почнаа да прават васектомија, како осигурување дека нема да се најдат во ваква ситуација, тврдат уролозите.
Оваа хируршка интервенција ја користат како машка контрацепција.
На овој начин спречуваат спонзорушите да останат бремени со нивно дете и да им бараат алиментација потоа. За богатите мажи наводно 3 дена мака по васектомијата се исплати повеќе отколку исплаќање на милиони потоа.
Некои од нив дури сведочат за магазинот New York Post дека наводно некои жени дури се обидувале да „украдат“ од нивната сперма од кондомот по сексот за да си ја стават во себе и да се оплодат.
С. С. | Црнобело