Изолирани живеалишта во светот - Би живееле ли на некое од овие места?
- Детали
- недела, 30 декември 2018
Секојдневно сме свесни за патот по кој чекори човештвото, за токсичноста на општественото друштво, за омразата и антипатијата што постои помеѓу нас, и за сите изопачености што го дефинираат 21 век.
Постојат моменти во животот кога доаѓа клучниот час на себепреиспитување, кога ќе се сфати дека богатството не е ништо друго освен сигурност и дека до тогаш воопшто не сме живееле, туку сме преживувале.
Во такви моменти ги донесуваме најважните одлуки и некои од нас решаваат да се изолираат од целиот човечки род на извесен период, сé со една цел да се поврзат со своето себство.
Ако и вие се наоѓате во таков процес на иницијација и сте желни да ги потргнете границите што ви го засенуваат хоризонтот, тогаш листата на овие изолирачки, но истовремено и инспиративни живеалишта можеби ќе вдахнат дополнителен елан во вас за да го обликувате животот по своја мерка.
Ова се само примери вредни за почит, од каде всушност и може да се почне новото пишување на сопствената приказна:
Селото Gásadalur на Фарските острови, кое е достапно само со автомобил, во 2012 година имало само 18 жители, денеска таа бројка веројатно е и преполовена.
Casa do Penedo или куќарка од ерата на Флинстоун е лоцирана некаде во Португалија, и за жал нема електрична енергија, така што електронските уреди не би можеле да ги користиме, но затоа може да се снабдиме со доволно количество на свеќи и времето да го поминеме во читање.
Мислам дека авантуристи најмногу би сакале ваков предизвикувачки чекор. Живот во светилник на најмалиот остров во светот, познат како Bishop Rock. И не заборавајте ова тврда површина се наоѓа во Атланскиот Океан, само да се погрижиме секогаш да имаме кајче со себе за некои не дај Боже ситуации.
Некогаш на ова место живееле пет семејства, а сега има останато само една куќарка. Приказната за с не остава никого рамнодушен, доволно е да ја погледнеш фотографијата и веднаш во градите да почувствуваш стега и осаменост, а замисли да се наоѓаш таму, без никого?
Можеби ова сепак се екстремни приказни на самување, па затоа да не претераме уште веднаш и да не се најдеме неподготвени, би можеле да стартуваме од сигурни избори, некаде на нашите планини.
Биди новиот Робинзон Крусо. Создади го својот остров во себе!
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело