Нема да види сонце во наредните 2 месеци - како се живее во најсеверниот град на САД?
- Детали
- понеделник, 26 ноември 2018
Моментално таму е околу 20 Целзиусови степени под нулата, а започната е поларната ноќ. Дотаму нема патишта, може да стигнете само преку море или со авион.
Најсеверниот американски град Utqiaġvik (или по старо Barrow - Бароу) на Алјаска во неделата го имаше своето последно изгрејсонце за оваа година.
Овој град нема да види сонце во наредните 2 месеци. Следното изгрејсонце ќе биде дури на 23-ти јануари.
Во Utqiaġvik почна поларната ноќ, која се одликува со ниски температури и темнина.
Таму живеат 4.400 луѓе и има неколку истражувачки станици.
Од мај, па во наредните 80 дена таму нема да има зајдисонце и постојано ќе биде ден.
Прочитајте и Како изгледа градот на Алјаска каде речиси сите живеат во една зграда?, како и за впечатоците на Македонката што ја посети Алјаска.
Како изгледa овој град:
С. С. | Црнобело