Во вселената со попуст
- Детали
- четврток, 04 декември 2008
Вселенскиот туризам станува се поголема реалност, но и трка помеѓу агенции коишто го овозможуваат, откако минатиот вторник се појави нова компанија која...
...почна да нуди билети за патување низ вселената кои чинат двојно помалку од оние на Вирџин Галактик.
XCOR Aerospace Inc, фирма од Калифорнија, нуди летови во вселената со нивниот вселенски брод Линкс по цена од $95.000.
Ова летало со две седишта е во процес на изработка, а пробните летови се планираат за 2010 година. Првиот патник на овој вселенски брод во почетокот на 2011 ќе биде данскиот банкар Пер Вимер.
Патниците ќе можат да ја гледаат Земјата низ широките прозорци на леталото и да ја искусат нулта гравитацијата.