Момче од Камбоџа научило 10 јазици за да им продава сувенири на туристите (видео)
- Детали
- среда, 14 ноември 2018
Вредното момче е вистинска инспирација со својата посветеност. Изгледа кога се сака навистина се може.
Дали некогаш сте се обиделе да научите некој јазик и сте се откажале затоа што ви изгледало претешко? Очигледно, сте немале доволно мотивација.
Момче од Камбоџа говори 10 јазици и тоа сè со цел да разговара со туристите на нивниот мајчин јазик и да ги освои нивните срца за да си купат сувенири од кај него.
Видеото од момчето кое го снимилa Venus Gwc, девојка од Малезија која патува низ целиот свет, стана вирален хит.
Таа била воодушевена од момчето кое продавало магнети, паричници, чанти и разни сувенири за да заработи пари за да оди на училиште.
Запознајте го ова неверојатно момче:
С. С. | Црнобело