Почитување правила, јавен превоз, точност: 6 работи кои им се чудни на Латиноамериканците кога се во Европа

Кога зборуваме за Европа, не мислиме на цела, бидејќи секаде е сè различно – од јазик, до култура, храна и правила.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-01.jpg

Но, одредени делови од континентот се многу слични, а кога луѓето од друг континент го посетуваат нашиот, имаат многу што да видат, но и да се зачудат.

Овојпат ќе се фокусираме на Латиноамериканците и како тие ја доживуваат Европа, односно каков е нивниот културен шок.

Чисти улици, почитување на правила и точност се дефинитивно работи кои за нив се изненадување.

Погледнете кои им се најчудни работи во Европа:

Почитување правила

Во Франција на пример но и во многу западно-европски земји, почитувањето на правилата е тема вредна за восхит. Граѓаните трпеливо го чекаат светлото на семафорот за да поминат соодветно и се придржуваат до сите останати правила, посебно во сообраќајот.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-02.jpg

Екстремна точност

Чувството за одговорност е многу високо кај жителите на Западна Европа и тие се екстремно точни, што е чудно за Латиноамериканците.

Тие се изненадени како работите одат според стрелките на часовникот и речиси е невозможно да се задоцни некаде.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-03.jpg

Што ќе изгубите – ќе најдете

Секако тука не се сите земји, но голем број од европските земји се екстремно безбедни, па ако заборавите нешто на јавно место, голема е веројатноста кога ќе се вратите да ве чека, или пак некој да ве контактира и да ви го врати.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-04.jpg

Луѓето се полиглоти

На Латиноамериканците им е нормално луѓето да знаат англиски и шпански, но кога ќе видат дека во делови на Европа жителите зборуваат и повеќе од 2 јазици, како на пример во Белгија, тоа им е многу чудно.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-05.jpg

Вклучувањето на постарите во општеството

Екстремно восхитувачки факт е независноста која им се дава на постарите лица во некои европски земји, каде може да се сретнат луѓе над 80 години кои шетаат сами, го користат јавниот превоз или возат сами, бидејќи општеството им нуди можност да се интегрираат во сите активности.

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-06.jpg

Јавниот превоз

Во повеќето земји во Европа, јавниот превоз е функционален и модерен, инфраструктурата е со висок квалитет, а Швајцарија и уште неколку земји се познати по одличен систем на поврзани мрежи за сите типови јавен превоз, што им е олеснителна и практична можност на сите граѓани.  

6-raboti-koi-se-iznenaduvachki-za-latinoamerikancite-koga-se-vo-evropa-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има 39 години, потекнува од Иран – Која е новата Мис Германија (и зошто ја критикуваат)? Годинешната победничка за избор на Мис Германија има 39 години, работи како архи...
Чантите Dior се прават за 53 евра, а ги продаваат по 2.600 евра - купени се од кинеска фабрика во Ми... Модниот гигант Dior деновиве се најде среде скандал во Италија, откако властите ...
8 докази дека Кинезите ги прават работите поинаку во животот Од торти до семафори, во Кина сè си има уникатна нота. Оваа држава дефинитивно с...
Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“ „Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
Само една ги заработила милијардите со развод – Кои се 10-те најбогати жени во светот? Кои жени се најбогати во светот? Престижниот магазин Forbes ја објави листата на...
„13 години бев парализиран – Родителите мислеа дека сум во кома, но бев потполно свесен“ Приказната на Мартин Писториус од Англија е фасцинантна колку што е и застрашува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg