Само една ги заработила милијардите со развод – Кои се 10-те најбогати жени во светот?

Престижниот магазин Forbes ја објави листата на жени кои имаат најмногу нули на сметките, а најсиромашната жена има „само“ 29 милијарди долари. Кои жени се најбогати и од каде ги добиле парите?

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-01.jpg

Девет од 10-те најбогати жени во светот ги наследиле милијардите од своите богати татковци, сопрузи или во еден случај од мајката.

Само една од жените успеа да се најде на оваа листа, благодарение на тоа што милијардите ги заработи од развод.

Погледнете во продолжение кои се најбогатите жени во светот (почнувајќи од „најсиромашната“):

10. Ебигејл Џонсон (29 милијарди долари)

Оваа 62-годишна Американка е Извршен директор на Fidelity Investments од 2014-та година. Позицијата и наследството ги доби од татко ѝ Едвард „Нед“ Џонсон Трети кој почина во 2022-ра година.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-02.jpg

9. Џина Рајнхарт (30.8 милијарди долари)

Оваа 70-годишна Австралијанка е претседател на рударската и земјоделска компанија Hancock Prospecting Group. Богатството го наследила од татко ѝ Ленг Хенкок кој починал во 1992-ра година.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-07.jpg

8. Миријам Аделсон (32 милијарди долари)

Миријам Аделсон (78) и нејзиното семејство, поседуваат речиси половина од Las Vegas Sands, еден од најголемите оператори на казина во светот.

Таа го наследи богатството од нејзиниот сопруг Шелдон Аделсон, кој почина во 2021-ва година.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-10_copy.jpg

7. Рафаела Апонте Диамант (33, 1 милијарди долари)

Рафаела и нејзиниот сопруг Џанлуиџи во 1970-та година заедно ја отвориле компанијата MSC, која е еден од светските гиганти во трговијата со бродови.

Бизнисот го започнале со позајмица од 200.000 долари за да купат брод. Па затоа Рафаела се смета и за една од најбогатите жени кои сами го заработиле богатството.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-05.jpg

6. Савитри Џиндал (33,5 Милијарди)

Савитри е вдовица на основачот на групацијата Gindal, Ом Пракаш Џиндал, кој почина во 2005-та година.

Денес Савитри е најбогатата жена во Индија, а по смртта на нејзиниот сопруг во хеликоптерска несреќа, компанијата беше поделена на нивните 4 сина.

Таа минатата година беше на 12-тото место на најбогати жени во светот, но успеа да се искачи 6 места погоре.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg