Била малтретирана на 18 години, сега им помага на други жртви на семејно насилство
- Детали
- четврток, 25 октомври 2018
Рејчел на 18 години станала жртва на физичка и психичка злоупотреба од нејзиниот партнер.
Рејџел Бејлс (25) и нејзината хуманитарна организација ALICAS им помагаат на жртвите на семејно насилство на симболичен начин со донирање на нова облека, која ќе им биде прв чекор кон тоа одново да го изградат својот живот.
Рејчел го основала овој бренд за да им помогне на овие жени да си ја вратат изгубената самодоверба по години малтеритрање и потценување од страна на партнерот. Таа и самата минала низ ваков пекол.
Рејчел вели дека многу од малтретираните жени биле присилени да носат иста облека, затоа што не смееле да купуваат нова, или пак затоа што другата била премногу провокативна според вкусот на нивниот партнер.
„Контролата и манипулацијата некогаш одат до таму што им е диктирано што да носат во текот на бракот“, вели Рејчел.
Целта на организацијата, формирана во февруари, е да се соберат 10.000 парчиња облека и да се направат индивидуални пакети кои ќе им бидат доставени на жртвите.
„Сакам на овие жени да им помогнам во враќањето на нивната гордост, идентитет и самодоверба.“
Инаку, Рејчел на 18-годишна возраст отишла да студира во Италија, но била присилена да се врати дома, откако врската со едно момче таму се претворила во насилна.
Прочитајте и Жртва на семејно насилство открива како 6-годишната ќерка ѝ го спасила животот!
С. С. | Црнобело