Жртва на семејно насилство открива како 6-годишната ќерка ѝ го спасила животот

„Тато ја повредува мама“ се зборовите кои ја спасиле Џоди по 3 години екстремно физичко и психичко насилство од сопругот.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-01.jpg

6-годишно девојче случајно ѝ го спасило животот на мајка си така што ѝ кажало на учителката „Тато ја повредува мама“.

Жртвата на семејно насилство Џоди Киганс (36) откри дека 3 години трпела посесивно однесување и екстремно насилство од нејзиниот сопруг Скот Киганс. Вели дека злоупотребата ќе траела уште, а може ќе имала и фатални последици, ако нејзината ќерка во октомври 2017 не ѝ кажала на учителката што се случува во нејзиниот дом.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-04.jpg

Таа открила дека татко ѝ е лош, дека мајка ѝ го сака многу, но тој постојано ја малтретира. Ова покренало полициска истрага и Скот сега е осуден на 18 години затвор.

Парот бил во брак од 2009 година и првите неколку години од бракот биле многу добри, но потоа неговото однесување станало посесивно. Џоди открива дека тој ги прашувал децата: „Дали некој зборуваше со мајка ви денес“ и им велел „Вашата мајка е мрзлива и бескорисна“.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-03.jpg

Потоа ѝ забранил да оди на работа, да користи телефон и да ги гледа своите роднини и пријатели. Мајката на 3 деца морала да го пропушти и погребот на сестра си во 2015 година.

Џоди трпела екстремно насилство од сопругот. Тој ја удирал, гризел и ѝ кршел коски, a не ѝ дозволувал да оди во болница. Ѝ велел дека ја мрази, ја кубел за коса и ја заплашувал дека ќе ја убие.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-07.jpg

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-06.jpg

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-05.jpg

Сопирал со тепање дури кога ќе се уморел и ќе заминел во кревет. Некогаш со ударите продолжувал дури и наредното утро.

По едно жестоко тепање полицијата се појавила на нејзината врата поради исповедта на нејзината ќерка на училиште и Џоди тогаш сфатила дека конечно ќе биде спасена. За првпат рекла: „Мислам дека сум жртва на семејно насилство“. Првпат си го признала тоа себеси.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-02.png

Џоди ја прогласува својата ќерка за нејзин суперхерој и упатува апел до другите жртви на семејно насилство да не молчат како што молчела таа, туку да соберат храброст и отворено да проговорат низ што минуваат.

zhrtva-na-semejno-nasilstvo-otkriva-kako-6-godishnata-kjerka-i-go-spasila-zhivotot-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg