„Пофали се со богатството“ – Новите трендови на Инстаграм достигнаа ниво на лудост (фото)
- Детали
- четврток, 25 октомври 2018
На социјалните мрежи постојано сме сведоци на нови трендови кои се прифаќаат во целиот свет – од модни до најразлични предизвици.
Овојпат, најновиот бизарен тренд е предизвикот „пофали се со своето богатство“, а се шири насекаде во светот.
Скролајќи по Инстаграм можеби сте наишле на фотки од луѓе кои паѓаат и „случајно“ им се истураат луксузните и скапи производи од чантите или брендираните кеси.
Секако, покрај нив е и луксузниот автомобил од кои се „сопнуваат“ или приватниот авион од кој паѓаат.
Со овој бизарен тренд миленијалците на светот сметаат дека ќе станат популарни и ќе стекнат повеќе следбеници, со оглед на тоа што некои ги преминуваат границите и го прават тоа на сред улица, правејќи прекин во сообраќајот само заради фотка.
Предизвикот е започнат под хаштагот „fallingstars“ (ѕвезди кои паѓаат), но сега го имаат прифатено и сите останати.
Секако, оние кои го осудуваат овој предизвик, направиле своја верзија и се сликале како паѓаат на земја, но наместо да ги покажат луксузните дизајнерски работи кои ги поседуваат, ги прикажуваат нивните професионални достигнувања.
https://twitter.com/PDChina/status/1051759586187796480/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-22640380531279564066.ampproject.net%2F1810052256480%2Fframe.html
Како изгледа кога новите трендови на социјалните мрежи ќе ги преминат сите граници - го оправдувате ли ова?
М. М. | Црнобело