Пар на пијано го купил хотелот на Шри Ланка, каде престојувале за меден месец
- Детали
- вторник, 16 октомври 2018
Малиот рустичен шарен хотел што наликува на куќа на дрво, во комбинација со румот што го испиле, го натерал овој пар да донесе импулсивна одлука и да ги следи своите соништа.
Сите сме направиле нешто импулсивно кога сме пијани, но еден пар дефинитивно триумфираше со носењето на одлука на пијано - тие си го купија хотелот каде престојувале за време на медениот месец.
Џина Лионс (33) и Марк Ли (35) за нивната спонтана одлука го обвинуваат румот. Парот од Лондон направил свадба во јуни 2017 година, а потоа во декември заминал на меден месец на Шри Ланка.
По неколку чаши рум тие одлучиле да го купат хотелот, кој бил на самата плажа, но бил стар и за реновирање. Локалот имал само 7 соби и го купиле за 34.000 евра.
Продуцентот Џина и директорот за продажба Марк сега официјално се сопственици на хотелот „Lucky Beach Tangalle“, кој наликува на дрвена куќичка на дрво.
Тие го реновирале локалот, а во текот на процесот имало уште низа трошоци како лиценци за работа и слично, плус дознале дека Џина е бремена, па уште еднаш ја преиспитале својата одлука. Сепак, иако на миг им изгледало ризично и сакале да сопрат, продолжиле со процесот.
Имале бебе на пат и живееле во мал стан, но верувале во својот сон и парите ги потрошиле на овој хотел. Сега имаат редовни посетители во хотелот и велат дека одлуката им се исплатела, но во иднина ќе внимаваат на дозите на рум, а одлуките ќе ги носат на трезно.
С. С. | Црнобело