Маж има 5 сопруги и 25 деца: Животот на необичното семејство низ фотки
- Детали
- четврток, 27 септември 2018
Одат на кино, планинарење, спортуваат, готват и секој од нив има свој карактер, но заедно се хармонична целина.
Брејди Вилијамс верува дека луѓето се полигамни, па така има 5 сопруги и 25 деца. Овој маж од Јута вели дека има хармоничен семеен живот полн со љубов и почит.
Тој живее едновремено со сите 5 сопруги и изненадувачки е што на овој начин во САД живеат помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе.
На почетокот тој имал три жени, па во 1998 година во семејството дошла четвртата, а потоа и петтата. Брејди вели дека не му недостига време за романтика и дека им посветува внимание на сите.
Обожаваат да минуваат време заедно, да слават родендени и други убави поводи, но понекогаш Брејди си одвојува време за себе да ужива сам со кригла пиво.
Како изгледа животот на ова несекојдневно семејство:
С. С. | Црнобело