Затнат тоалет, заборавени патници: Најчудните причини заради кои авионите среде лет биле вратени назад

Кога станува збор за летање со авион, никој не очекува дека заради некоја помала причина би постоела можност да се врати авионот.

zatnat-toalet-zaboraveni-patnici-najchudnite-prichini-zaradi-koi-avionite-vo-sred-let-bile-vrateni-nazad-01.jpg

Иако се случило многупати патниците од нелогични причини да бараат авионот да се врати, сепак нормално, биле одбиени.

Но, се случува, некогаш под некои бизарни околности, иако авионот е во сред лет, да се врати назад на писта.

Погледнете кои се најчудните причини заради кои се случило тоа:

Затнат тоалет

Авион бил приморан да се врати назад заради здравствени и безбедности причини откако патниците почнале да се жалат дека тоалетот мириса лошо, а екипата не можела да го реши проблемот.

larvi-zatnat-toalet-ispadi-najchudnite-prichini-zaradi-koi-pilotite-na-avioni-go-svrtele-letot-i-se-vratile-nazad-02.jpg

Ласер

Во 2016-та, авион бил вратен назад заради инцидент со ласер. Наводно, ласер бил вперен во пилотската кабина, што направило пилотот да не се чувствува добро.

Во Велика Британија постои закон дека луѓето кои светат со ласер кон авион во лет може да бидат казнети.

larvi-zatnat-toalet-ispadi-najchudnite-prichini-zaradi-koi-pilotite-na-avioni-go-svrtele-letot-i-se-vratile-nazad-03.jpg

Ларви

Откако патниците забележале ларви кои излегуваат од канта со расипано месо на авионот и лазеле насекаде, авионот бил веднаш вратен назад.

larvi-zatnat-toalet-ispadi-najchudnite-prichini-zaradi-koi-pilotite-na-avioni-go-svrtele-letot-i-se-vratile-nazad-04.jpg

Чудно однесување на патник

Авион кој полетал од Хаваи кон Јапонија бил приморан да го сопре летот и да се врати назад, откако еден патник одбил да седне додека се служело јадењето бидејќи сакал да медитира и да практикува јога во задниот дел.

Откако стјуардесите и неговата сопруга се обиделе да го вратат на место, тој станал нервозен и насилен, па авионот морал да се врати, а мажот бил уапсен и платил казна на авиокомпанијата.

Заборавени патници

Авион се вратил на аеродром по двајца патници на гејт кој го пропуштиле летот, 30 минути откако полетал заради безбедносни мерки со оглед на несовпаѓањето на бројот на патници и багажот.

Кавга помеѓу стјуардеси

Откако две стјуардеси за време на лет се скарале, пилотот се консултирал со аеродромот од каде што тргнал и ја опишал ситуацијата, па бил приморан да се врати назад, а тие биле заменети со други вработени.

larvi-zatnat-toalet-ispadi-najchudnite-prichini-zaradi-koi-pilotite-na-avioni-go-svrtele-letot-i-se-vratile-nazad-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу Од јануари, неколку Boeing авиони се соочија со инциденти вклучувајќи запален мо...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Била пресреќна што се мажи за милионер, и по 42 години никој не знае каде е - Морничавата приказна н... По само два состаноци ја убедил да почне да живее со него. Таа го придружувала н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg