13 работи на кои Македонците ќе се чудат ако одат во Јапонија

Јасно е дека Македонија и Јапонија се светлосни години оддалечени и колку и да се информираме за нив, Јапонците постојано нè изненадуваат со некои свои навики.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-01.jpg

Јапонија е толку уникатна што како да е паралелен универзум од остатокот од светот.

Јапонците имаат култура со чудни обележја и живеат поинаку од нас:

Јапонците запросувањето го прават со прашање како да ангажираат готвач

Тие се многу срамежливи, па кога ја бараат девојката за жена тие не поставуваат прашање „Дали ќе се омажиш за мене“ туку прашуваат нешто од типот „Дали ќе ми готвиш супа секој ден?“.

Прашањето може да биде и дали би му ја переле облеката секој ден или пак дали би сакале да одите во ист гроб еден ден. За среќа, оваа традиција полека застарува и романтиката настапува на сцена.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-10.jpg

Некои Јапонци живеат во Интернет кафулиња со години

Не секој Јапонец може да си изнајми стан или да престојува во хотел, па некои од нив со години живеат во интернет кафулиња, простор кој е толку мал што не можат ниту целосно да се истегнат.

Понекогаш таму има и кабини за туширање и бесплатни безалкохолни пијалаци и ги чини 12-22 долари на ден, што е поевтино од т.н. капсула хотели (18-36 долари).

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-02.jpg

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-16.jpg

Одговорен на железничка станица може да биде мачка или куче

На некои железнички станици симболично се вработуваат мачки или кучиња кои ја „чуваат“ станицата и платата ја добиваат во храна.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-03.jpg

Во уличните канали пливаат риби

Водата во каналите во Јапонија е многу чиста, никој не фрла неразградливо ѓубре и таму пливаат риби.

Водата е толку чиста што наводно некои Јапонци тука мијат чинии, а рибите се хранат со остатоци од храната. Водата доаѓа од извори и некои тврдат дека е поквалитетна од таа од чешма.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-17.jpg

Ученичките носат мини здолништа како дел од униформата, дури и во зима

Карираните куси здолништа и црните чорапи им се препознатлива униформа.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-09.jpg

Има кафуле каде можете да комуницирате со бувови

Во Јапонија има многу кафулиња со животни, а едно од нив се наоѓа во Токио каде можете да пиете пијалак и да комуницирате со був за 17 долари.

Се разбира, важат строги правила за престојот таму.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-14.jpg

Имаат фестивал со илјадници мажи половина голи или сосема голи

На фестивалот „Hadaka-matsuri“ секоја година присуствуваат повеќе од 9.000 луѓе. Мажите со минимална облека на себе се натпреваруваат во разни дисциплини.

Фестивалот има религиски корени, па има пливање во ледено студена вода и низа други активности и ретко завршува без некој скршен нос.

13-raboti-na-koi-makedoncite-kje-se-chudat-ako-odat-vo-japonija-11.jpg

Уште 6 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg