„Тој е 19 години постар од мене, му праќам листа со работи кои би сакала да ги имам“
- Детали
- четврток, 13 септември 2018
Каде отиде светот, а и Македонија со него, затоа што, за жал, и кај нас ваквите ситуации се сè почеста практика…
Гема е 19-годишна девојка од Сиднеј, која иако не сака да го открие идентитетот, за медиумите отворено говори за нејзиниот т.н. „sugar daddy“. Таа вели дека е студент и дека едвај сврзува крај со крај, па така средбата со овој 38-годишен маж ѝ изгледала како совршен начин да си го олесни животот.
Таа вели дека нејзиниот „пријател“, односно како што би рекле ние спонзор, троши на неа и по 1.000 долари неделно. Не се гледаат многу често затоа што живеат во различни држави, но постојано контактираат телефонски и тој ја користи секоја можност за да ја види.
Гема открива дека заедно одат на вечери, на шопинг и дека кога го прават тоа и купува сè што ќе ѝ се допадне, од дизајнерски чевли до луксузна долна облека.
„На почетокот ми беше тешко да се навикнам на сите овие подароци. Тој ме тераше да му испратам листа со желби, за кога ќе дојде да ме види да може да ме изненади со некој од нив. Сака да одржувам добар стил на живот и ми помага во тоа. Јас сум студент по архитектура, па така сакам убави работи.“
Гема вели дека за својот начин на живот им кажала само на неколку најблиски пријатели и дека додека ѝ е убаво ќе ја одржува врската со нејзиниот „sugar daddy“.
И на крај по сето ова само помислете дека Гема е нечија ќерка. Дали нејзините родители знаат за начинот на живот што го води или пак токму тие се виновниците што во неа не всадиле вистински морални вредности?
Каде отиде светот, а и Македонија со него, затоа што, за жал, и кај нас ваквите ситуации се сè почеста практика…
Дали сексот е прескапа цена за пар чевли и нова чанта? Дали скапата облека ќе ни го прикрие сиромавиот дух? Дали телото е наменето за продажба, а душата за газење по неа? Кога стана престиж да се биде нечија спонзоруша?
С. С. | Црнобело