„Мамо, денес не јадев сам“ - мајка проговори за учениците кои го усреќиле нејзиниот син
- Детали
- петок, 31 август 2018
Оваа трогателна ситуација е вистински доказ дека вашето мало добро дело за некого живот значи.
Кеј Кирби 4 години плачела понекогаш сама во автомобилот откако ќе го оставела нејзиниот син Ендрју на училиште. Секој ден му пишувала СМС порака за време на паузата за ручек за да го праша дали седи со некој . Тој ѝ одговарал дека седи сам.
„Тоа беше констатна ситуација со години. Тој седеше сам и тоа многу нè растажуваше мене и сопругот. Го замислувавме како седи сам и срцето ни се кинеше“, изјави растревожената мајка.
Но, пред некое време кога го земала од образовната установа, тој ѝ кажал дека не ѝ одговорил на пораката затоа што не седел сам за време на ручекот.
Конечно, други ученици го замолиле да им се придружи за ручек. Тие го викнале него и уште неколку други ученици што седеле сами.
Овој потег на тие неколку млади луѓе му значел премногу на Ендрју, како и на неговите родители и е доказ колку едно мало добро дело може да донесе голема среќа некому.
Кеј на Фејсбук напиша објава во која ја раскажува ситуацијата и која се рашири вирално:
This isn't your typical "First Day of School" post. This is a SHOUT OUT to the Boiling Springs High School Student...
Posted by TylerandKay Kirby on Monday, August 20, 2018
This isn't your typical "First Day of School" post. This is a SHOUT OUT to the Boiling Springs High School Student...
-->Posted by TylerandKay Kirby on Monday, August 20, 2018
С. С. | Црнобело