Продавачот, што му го исполни сонот на аутистичното момче, сега доби помош да го реализира својот
- Детали
- понеделник, 27 август 2018
Продавачот Џордан Тејлор направил потег кој ја враќа вербата во добрината на луѓето, а сега добрината со добрина му се врати.
Пред неколку седмици вирално кружеше видео каде продавачот Џордан Тејлор е снимен како му дозволува на аутистичното момче Џек Рајан Едвардс да му помогне во редењето на полиците во продавницата каде што работи во Луизијана.
Едвардс бил на пазарање во маркетот со својот татко кога забележал како Тејлор реди производи и бил фасциниран од неговата работа, па сакал да му се придружи. Тејлор му дозволил и цели 30 минути му помагал на Едвардс да реди.
Откако светот слушна за неговото добро дело и луѓе ширум светот беа трогнати од него, преку организацијата GoFundMe беа собрани 100.000 долари како награда за хуманиот продавач. Овојпат, за тој да си го реализира својот сон.
Тејлор сега може да се запише на факултет и да стане професор по математика, професија што отсекогаш ја посакувал, но немал финансии за студирање.
Од друга организација Тејлор доби на подарок и автомобил.
Овој случај е одличен доказ дека на добрината со добрина се враќа и дека со секој наш потег треба да се обидуваме да шириме љубов и позитивна енергија.
Виралното видео од Тејлор и Едвардс:
С. С. | Црнобело