Што ѝ го уби духот на најсреќната држава на светот - Бутан?
- Детали
- четврток, 09 август 2018
Модерната технологија како да ѝ донесе несоница на оваа среќна нација која живееше мирно и хармонично изолирана од светот.
Со години малата азиска држава Бутан успехот си го дефинираше не преку економијата, туку преку среќата. Оваа нација беше прогласена за најсреќна во светот и титулата ја носеше долго време.
Но, сега од 156 земји тие се дури на 97-то место на рангирањето на листата на ОН „World Happiness Report list“ поради се поголемиот допир со технологијата. Будистите што живеат во оваа држава започнаа сè повеќе да користат мобилни телефони, компјутери и телевизори што придонесе да се запознаваат со непознати аспекти и проблеми од живеењето и нивниот стар начин на функционирање полека да исчезне.
Се смета дека телевизија е виновник за зголемената стапка на криминал и корупција во Бутан.
Но, исто така проблем се и климатските промени поради кои има топење на глечерите и со тоа закана за енергетските постројки која ја обезбедуваат електричната енергија за нацијата, која е меѓу најмалку развиените во светот.
Властите истакнуваат и дека се соочуваат со голема невработеност кај младината.
Според истражувањата во Бутан за среќа на нацијата кај луѓето сè почесто се јавуваат негативни емоции како бес, страв и себичност, додека во претходните анализи имаше доминација на позитивните емоции како емпатија и подготвеност за прошка.
Очигледно Бутан има проблем со адаптирањето кон предизвиците на модерното живеење.
С. С.| Црнобело