Модел доеше бебе на модна писта и презентираше бикини (фото + видео)
- Детали
- вторник, 17 јули 2018
Sports Illustrated ги поместува границите со своите потези. Дали ова е претерано или храбро?
Годинава шоуто за костими за капење на Sports Illustrated на пистата имаше еден поинаков модел. Мара Мартин, која е мајка на 5-месечно бебе, беше една од 16-те финалистки избрани за да се појави на ревијата во Мајами.
Облечена во златни бикини таа чекореше по пистата додека го доеше своето бебе, кое на ушите имаше слушалки за да не се плаши од вревата.
Мара им порачува на сите мајки што дојат да го прегрнат своето тело и да сфатат колку се моќни и прекрасни.
На модната писа се појави и Брена Хакаби, сноубордер и добитничка на параолимписко злато.
22-годишната Брена ја изгубила ногата пред 8 години, но тоа не ја спречува да ниже победи.
Љубов кон сите убави форми на телата, е пораката од ова модно шоу.
Појавувањето на Мара Мартин на сцената:
С. С.| Црнобело