„Најпластичниот“ маж на планетата има конкуренција (фото)
- Детали
- четврток, 19 јули 2018
Бразилскиот Кен Маурицио Галди е опседнат со операции и не сопира, иако го загрозува својот живот.
Родриго Алвес (34) веќе години наназад е познат по пластичните операции што ги прави за да изгледа како реална верзија на куклата Кен.
Но, тој има конкуренција. Станува збор за 29-годишниот Маурицио Галди, кој е бразилски актер со италијанско потекло.
Уште како дете бил воодушевен од куклите Барби и Кен и им завидувал на девојчињата што си играле со нив, но се срамел да им се придружи за да не му се смеат.
Како поминувало времето така Мауруцио сè повеќе сакал да изгледа како неговата кукла идол, па почнал да прави пластични операции за да личи на Кен.
Тој имал корекции на носот, устата, липосукција, силиконски импланти во градите, рацете, дури и извадил ребро по што се нашол во сериозна опасност и докторите го предупредиле да престане со операциите, иако Галди вели дека сака да вади уште ребра.
https://www.instagram.com/p/BiPKwsNBc9_/?taken-by=mauriciogaldioficial
Маурицио постојано гостува во разни емисии и реални шоуа и вели дека е задоволен од себе и својот начин на живот.
Како изгледа Мауруцио:
С. С.| Црнобело