Тинејџерка што била мета на силеџии на училиште, се појавила со 120 моторџии на матурската прослава
- Детали
- понеделник, 02 јули 2018
Клое и нејзиниот чичко Грант сакаат да ја поткренат јавната свест за дечињата кои се малтретирани во училиште од своите соученици. Ситуација што е реалност и во Македонија.
Клое Робсон (16) уште од 7-годишна возраст била мета на силеџии на училиште, па нејзиниот чичко одлучил да ѝ приреди незаборавно пристигнување на матурската прослава.
42-годишниот Грант Робсон, кој е водич на групата за поддршка „Bikers Against Bullies“, договорил 126 моторџии да ја испратат Клое на нејзиниот голем ден и да ѝ дадат поддршка.
На снимката од нејзиното пристигнување, кога излегува од автомобилот, моторџиите се тука за неа и прават врева со моторите. Клое вели дека била нервозна за одењето на матурската, но кога пристигнала професорите и родителите на другите ученици аплаудирале.
Таа открива дека децата на училиште постојано ја исмевале за начинот на кој зборува, за нејзиниот изглед и ѝ смислувале навредливи прекари, а тоа направило да се чувствува лошо и осамено.
Но, со спектакуларното пристигнување на матурската прослава сака да им покаже дека не ѝ можат ништо и дека нема да им дозволи да ѝ влијаат долгорочно во животот. Клое сака да испрати порака дека многу деца се малтретирани во училиште од соучениците и дека родителите треба да преземат нешто во врска со тоа.
Нејзиното пристигнување:
С. С. | Црнобело