Кои се најзагадените плажи во светот и како изгледаат?
- Детали
- сабота, 30 јуни 2018
Влијанието кое го имаме врз нашата планета како интелигентни суштества е огромно и иако некогаш не сме свесни, всушност со несовесното однесување многу ѝ наштетуваме.
Тоа придонесе денес загаденоста на океаните, морињата, плажите и сите урбани заедници да стане зачудуваки голем проблем.
Особено пластичниот отпад за кој се потребни многу години за да се распадне претставува еден од најголемите светски проблеми.
Плажите не се воопшто имуни на нашето неразумно однесување и затоа голем број од нив се претворени во вистински отпад.
Погледнете кои се едни од најзагадените светски плажи:
Kamilo, Хаваи
Уште попозната како пластичната плажа, бидејќи е една од најзагадените светски дестинации. Огромен број на пластичен отпад донесен од морето останува на оваа плажа.
Guanabara Bay, Рио де Женеиро
Уште во 2016-та година со Олимписките игри кои се одржаа токму во Бразил, голем број на натпреварувачи во веслање се натпреваруваа во загадените води покрај оваа плажа. Таа е уште еден доказ за штетното влијание на пластичниот отпад.
El Gringo, Доминиканската Република
Уште наречена и Доминиканскиот Чернобил, оваа плажа била прогласена за едно од најзагадените места во светот. Локалните индустрии и фабрики често исфрлаат отровни хемикалии и токсичен отпад во водите на оваа плажа правејќи ја навистина опасно место.
Juhu, Мумбаи
Поради несодветни прочистителни станици, водите на оваа плажа се загадени од околните канализации и претставуваат извор на разни бактерии и вируси кои можат да предизвикаат тешки заболувања.
Продолжува на следната страна...