Кои се најзагадените плажи во светот и како изгледаат?
Kuta, Бали
После Кина, Индонезија е вториот најголем загадувач на морињата и океаните со пластичен отпад. Затоа и оваа позната туристичка дестинација е често преплавена со пластика особено за време на врнежливи денови.
Serendipity, Камбоџа
Плажите во Камбоџа се едни од најзагадените во светот. Така и оваа плажа не е исклучок со оглед на тоа што е преполна со отпад. Но, голем број на жители во Камбоџа уште немаат ни пристап до чиста вода за пиење, па така плажите немаат ни соодветни прочистителни станици.
Cheung Sha, Хонг Конг
Пластичен и медицински отпад се само дел од причините за загадувањето на оваа плажа. Како најголем загадувач на морињата и океаните со отпад, Кина има повеќе плажи кои се соочуваат со овој проблем како и токсичен отпад од индустријата и истурањата на масло во океаните и морињата.
Hann Bay, Сенегал
Во минатото позната како една од најубавите плажи со бел песок, денес оваа плажа е неверојатно загадена од околната индустрија чиј отпад завршува токму тука.
К. Д. | Црнобело