Најскапо продаденото паркинг место на светот се наоѓа во Хонг Конг
- Детали
- среда, 06 јуни 2018
Пар во Хонгконг купил паркинг место за 433.00 долари, па го продал за 760.000 по 9 месеци. Сумата е вртоглава, зарем не? Направете споредба со Македонија!
Хонг Конг ги урива сите рекорди за цени на недвижнини. Во вртоглаво скапиот град, пар купил паркинг место, пред помалку од една година, за 433.000 долари, а потоа го продал за 760.000.
Паркинг местото е во областа Kowloon во луксузниот станбен комплекс Ultima project.
Паркинг место чини околу 5.600 долари по квадрат, односно три пати повеќе од просечната цена за паркинг место во Хонг Конг, кој е еден од најскапите градови во светот.
Становите во овој луксузен кварт чинат и по 12 милиони долари, па на жителите не им е проблем да издвојат пари плус за паркинг место, без разлика колку нам неверојатно ни звучи тоа. Во склоп на Ultima project има само 370 паркинг места, а 527 станбени единици.
Хонг Конг продолжува да ги урива сите рекорди со цените на недвижностите.
С. С. | Црнобело