Која е формулата за среќа на најсреќната нација на светот?
- Детали
- недела, 10 јуни 2018
Во долгите студени месеци Финците дефинитивно знаат како да си ја вратат насмевката на лицето.
Има нов скандинавски тренд , кој го носи називот „kalsarikännit“, односно прилагодено на англиски „päntsdrunk“, и значи пиење дома, сами, во долна облека. Овој термин доаѓа од Финска.
Други вакви трендови беа данскиот „hygge“’ и шведскиот „lagom“.
Новиот збор го промовира финскиот новинар и писател Мишка Рантане во својата книга Päntsdrunk (Kalsarikannit): The Finnish Path to Relaxation.
Овој концепт се промовира за справување со темните и студени месеци во Финска и го опишува чувството кога ќе се опиете дома во долна облека, без намера за излезете.
Финска годинава се најде на првото место на листата на најсреќни земји на светот и ова е една од оние навики кои прават Финците да се чувствуваат добро и подготвени за предизвиците за иднината.
С. С. | Црнобело