После данскиот hygge, се појавува шведската верзија за добросостојба - lagom
Сигурно веќе сте добро запознаени со концептот на hygge и што тој претставува.
Данскиот принцип за благосостојба е веќе долго присутен на сите светски портали како одличен начин за релакцација. Тој е и дел од причината зошто Данците се вбројуваат меѓу најсреќните народи во светот. Толку познат што Данска веќе си поднесе апликација до УНЕСКО за овој концепт да влезе во листата на културно наследство на Данска до 2019 година.
Но, сега и Швеѓаните се покажаа како доста успешни во пронаоѓање на уште еден концепт на добросостојба. Се работи за зборот lagom, кој исто како и hygee нема соодветен превод.
Но, затоа има соодветна филозофија позади него. Lagom не е само концепт туку и начин на живот. И дефинитивно еден од најзастапените во Шведска.
Најдобриот превод за овој збор е ништо во изобилство, не многу ниту малку, туку доволно. Нешто во принцип на златна средина.
Швеѓаните го применуваат овој концепт на секој аспект од нивниот живот. На пример работат, јадат, се облекуваат и живеат lagom. Во принцип тоа значи дека не претеруваат во ништо и се придржуваат до доволно или она што кај нас би се нарекло тамам.
5 начини како и вие да живеете по овој принцип:
Одржувајте го вашиот дом чист и уреден
Одете на пауза за ручек секој ден надвор од вашата канцеларија
Пешачете колку што можете почесто
Поедноставете ја вашата гардероба
Направете ја вашата спална комотна за спиење и оставете го вашиот телефон во друга соба
К. Д. | Црнобело