8-годишно момче чека внимание од Трамп, кој го награди со прегратка и бакнеж (видео)
- Детали
- четврток, 31 мај 2018
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата го потпиша предлог законот со кој им овозможува на смртно болните пациенти пристап до експериментални медицински третмани.
На церемонијата за потпишување, „главна ѕвезда“ беше мало момче кое стана вирален хит.
Додека Доналд го потпишуваше неговото име, 8-годишниот Џордан Меклин стана од инвалидската количка и стоеше покрај него, чекајки да добие внимание од претседателот.
Откако се потпиша, Трамп му го даде пенкалото на момчето кое подоцна се обиде да го прегрне, па претседателот го „награди“ со прегратка и бакнеж во чело.
Претседателот Трамп важи за ладен човек, кој често знае да не покаже знаци на емоција ниту кон неговата сопруга, но овојпат ги изненади сите со неговиот емотивен потег.
Инаку, момчето пати од смртоносна мускулна дистрофија, болест која ги става заболените во инвалидска количка околу 12-та година, а им го одзема животот до 25-та година.
Сега Џордан е дел од клиничката програма, за која Трамп се надева дека како него, така и на останатите, ќе им помогне да живеат подолго време и да бидат со своите блиски.
М. М. | Црнобело