Имигрант кој се качи на 4-ти кат на зграда за да спаси дете, ќе добие француско државјанство
- Детали
- понеделник, 28 мај 2018
Момчето кое успеа однадвор да се искачи до четвртиот кат на зграда во помалку од 30 секунди за да спаси мало дете, ќе ја добие својата заслужена награда.
Mamoudou Gassama, имигрант од Мали, кој пристигнал во Париз пред неколку месеци, го доби прекарот Спајдермен заради неговите херојски обиди од минатата сабота, кога бил виден како се качува четири ката нагоре само со помош на неговите раце и со неверојатна брзина.
22-годишниот херој покажал неверојатни способности во обидот да спаси дете кое висело од тераса, а соседите не можеле да го дофатат.
Видеото од неговото херојско дело вирално се прошири на социјалните мрежи и е изгледано милиони пати.
Денес тој се сретна со францускиот претседател Макрон, кој го награди националниот херој со медал за храброст, а наскоро ќе се потруди и да добие француско државјанство.
Претседателот сподели фотографии од нивната средба во палатата и соопшти дека Противпожарната бригада на Париз е заинтересирана да го прими херојот во нивната единица.
Avec M. GASSAMA qui a sauvé samedi la vie d’un enfant en escaladant 4 étages à mains nues. Je lui ai annoncé qu’en...
Posted by Emmanuel Macron on Monday, May 28, 2018
Avec M. GASSAMA qui a sauvé samedi la vie d’un enfant en escaladant 4 étages à mains nues. Je lui ai annoncé qu’en...
-->Posted by Emmanuel Macron on Monday, May 28, 2018
Кога членовите на екипата на Противпожарната бригада пристигнала во саботата на местото на настанот, сфатиле дека веќе некој ја завршил работата за нив.
Младото момче му кажало на претседателот дека не ни размислил многу пред да го направи тоа, а адреналинот бил посилен од него.
„Се чувствував исплашено кога го спасив момчето... (кога) отидовме во дневната соба, почнав да се тресам и едвај можев да стојам, морав да седнам.“
М. М. | Црнобело