Исповед: „Растевме на Алкатраз со некои од најопасните криминалци на планетата“
- Детали
- четврток, 03 мај 2018
На само два километри од Сан Франциско се наоѓа островот Алкатраз на кој некогаш функционираше најдобро обезбедениот затвор во светот.
Алактраз е еден од најпознатите затвори на планетата и за време на неговото функционирање од 1934 до 1963 година се сметал за затвор од кој не може да се побегне, барем според ФБИ.
Но, неодамна протече информација дека затвореникот John Anglin, кој избегал оттаму во 1962 година и имал слободен живот.
Како изгледал животот на овој мал остров во близина на Сан Франциско во времето кога тој бил затвор?
Во едно интервју Мери и Џин Комерфорд, ќерки на поранешен чувар во затворот, открија дека минале 13 години таму, откако нивниот татко го преселил целото семејство од Бронкс, Њујорк на Алактраз, за да работи таму.
Мери имала само три години кога почнале да живеат на Алкатраз, а сестра ѝ Џин открива дека на островот имале многу поубав дом, отколку што имале семејствата на чуварите од затворот, кои живееле во Сан Франциско, на копното на само 2 километри од Алкатраз.
Нивниот дом имал 3 спални соби, квалитетен под од дрво и прекрасна глетка кон вода од прозорците.
„Го обожавав островот. Имавме прекрасна глетка - од едната страна Сан Франциско, а од другата East Bay и изгледаше како да живееме на центарот на Земјата“, откри една од сестрите.
Мери и Џин велат дека често биле во интеракција со затворениците, од кои некои биле најопасните на Земјата и служеле доживотна робија. Затворениците извршувале разни обврски на островот, како поправки, а понекогаш дури и фрлање на ѓубрето од домот на семејството Комерфорд.
Сестрите слободно си играле на карпестата површина на Алкатраз и имаат убави спомени оттаму. Но, не било сè розово. Велат дека имало тридневна „битка на Алкатраз“, 11 дена пред 5-тиот роденден на Мери, кога планот за бегство на затвореникот Bernard Coy стапил во акција.
Тој со група други затвореници ги нападнал чуварите за да добие пристап до собата каде стоело оружјето. Таткото на Мери и Џин бил нападнат и ранет во главата и морал да се преправа дека е мртов цела ноќ, пред да може да избега.
Како и да е, и покрај драмата од 1946 година, сестрите велат дека срцата им биле скршени кога требало да го напуштат Алкатраз. Иако на сите страни имало мафијаши, убијци и крадци, тие велат дека не можеле да си посакаат поубав дом.
Погледнете го интервјуто со нив:
С. С. | Црнобело