Импресивна техника на училиште во Индија - учениците мора да пишуваат со двете раце
- Детали
- среда, 25 април 2018
Одвреме-навреме во медиумите излегуваат уникатни тактики на едукација од разни училишта во светот, па интересно би било нешто од тоа да се примени и во Македонија.
Во училиштето „Veena Vadini“ во Индија се применуваат уникатни тактики на учење. Една од нив е навистина импресивна и има за цел подобрување на функцијата на мозокот кај учениците.
Според статистиките, глобално еден во милион луѓе може да пишува со двете раце, но во ова училиште 300 ученици се истренирани да го прават ова, благодарение на напредните идеи на оваа едукативна установа.
Тие пишуваат со левата и десната рака, често дури и едновремено, и тоа по различни предмети и на различни јазици.
За жал, училиштето „Veena Vadini“, кое е основано во 1999 година, се соочува со финансиски проблеми и вработените не земале плата 6 месеци.
Основачот на училиштето Virangat Prasad Sharma дури покрена иницијатива за собирање на донации.
Прочитајте и учител од Гана на учениците им црта Word документ на табла, бидејќи немаат услови за компјутер!
С. С. | Црнобело