Русите останаа без националниот пијалок - водка!
- Детали
- вторник, 25 ноември 2008
Големата економска криза што владее во целиот свет ги соочи Русите со фактот дека мора да го намалат конзумирањето на националниот пијалок - водката.
Залихите на водка оваа година се 6 пати поголеми отколку лани ова време, пред се бидејќи фабриките произведуваат многу повеќе отколку што можат да продадат.
Русите пијат приближно 15 литри чист алкохол по жител. Во овие времиња на криза се случува бабите да соберат некои стари шишиња, да ги наполнат со било што и да ги продаваат како водка на алкохоличарите.
Останатите пијачи пак, почнале да пијат се што содржи алкохол: козметика, парфеми и средства за чистење кои даваат сличен ефект како и водката.
Богами во толку студени краеви тешко дека некој може да преживее без алкохол за подобрување на циркулацијата на крвта. Каков и да е...