Талентот не познава граници: 87-годишна баба црта неверојатно прецизно во Paint
- Детали
- четврток, 22 март 2018
Талентот на една 87-годишна бабичка од Валенсија вирално се прошири, заради нејзините неверојатни цртежи од пејзажи.
Секој од нив е рачно цртан, но не онака како што замислувате.
Конча Гарсија Заера е уникатна и моментално популарна заради тоа што нејзините цртежи ги прави со помош на компјутерската алатка Microsoft Paint.
Можеби не ви звучи чудно, бидејќи сите некогаш сме нацртале нешто во овој програм, но 87-годишната баба од Шпанија ги носи нејзините цртежи до совршенство.
Таа обрнува посебно внимание на деталите и може да се забележи како брановите удираат во брегот, како тревата е размрдана заради ветрот, а светлото и сенките додаваат движење и длабочина на делата.
Понекогаш ѝ се потребни и до 2 недели за еден цртеж, а најчесто црпи инспирација од разгледниците кои нејзиниот сопруг ѝ ги праќал.
Конча порано ја пренесувала нејзината креативност со масло на платно и одела на часови, бидејќи мирисот бил многу силен за да работи од дома, па со тек на време престанала целосно.
За среќа, нејзините деца ѝ подариле компјутер, па бабичката сфатила дека може да продолжи со уметничките дела користејќи Microsoft Paint.
Талентираната баба почнала со тоа пред околу 12 години, кога нејзиниот сопруг се разболел и морала да се грижи за него, па не излегувала често од дома.
„Почнав да цртам мали работи, прво куќа. Следниот ден додавав планина. Чекор по чекор, додавав детали и на крај резултатот беше прекрасно дело.“
Досега таа ги споделувала нејзините уметнички дела на Facebook, додека нејзината внука не ѝ предложила да се префрли на Инстаграм.
Сега, 87-годишната талентирана жена е популарна и на нејзиниот Инстаграм профил има над 130.000 следбеници.
Погледнете зошто и уверете се во нејзиниот неверојатен талент и истрајност:
М. М. | Црнобело