Што можете да научите од Кинезите за врските и пријателствата?
- Детали
- недела, 18 март 2018
Ги бие глас дека се непријатни затоа што тешко се зближуваат, но ако ви станат пријатели, сè би сториле за вас.
Многу луѓе кои патувале во Шангај велат дека Кинезите се некултурни. Тие се буткаат на вратите за влез во метрото, уринираат на јавни места и може да ве згазат на пешачки премин, иако им е црвено.
Но, луѓето кои подолго престојувале во оваа земја со 1.4 милијарди луѓе велат дека Кинезите се многу поинакви со блиските луѓе отколку со странците. Ако сте странец ќе ви го пресечат патот, но ако сте им пријател може да си ја испразнат дури банковната сметка за вас.
Што можеме да научиме од Кинезите за врските?
Широкогради се
Тие рефлексно кажуваат зборови како „те молам“ и „ти благодарам“. Како сите внимателно да гледаат што се случува околу нив и сакаат да скокнат и да помогнат.
Ќе ви подадат вода на масата, само штом ќе погледнете кон шишето.
Дела, а не зборови
Тие нема да ве опсипуваат со зборови колку многу ве сакаат или сте им недостигале. Дури и кога ќе им кажете „те сакам“ може само бледо да ве гледаат.
Љубовта ќе ви ја покажуваат преку низа гестови, тон внимание и изненадувања.
Интровертни се и искрени
Тие не сакаат први да кажат или направат нешто затоа што не сакаат да направат грешка. Најчесто се тивки во нова околина, па заедничките ручеци најчесто се здодевни. Искрени се и не глумат нешто што не се.
За нив забава на работа подразбира пиво и пуканки зад електронскиот екран, а не дружба во некоја голема просторија со целиот тим.
Пријателствата се поинтимни
Ако успеете да се спријателите со некој Кинез, тој за кусо време ќе ви стане близок како што ви се пријателите од детството.
Врските им се како претопување на два животи во еден
Кога ќе стапат во врска, Кинезите на своите девојки веднаш им приготвуваат ручеци, им помагаат во перењето и им плаќаат за сè.
Многу често паровите се облекуваат во тон. Самото состанување е чекор кон брак.
Ѕидот помеѓу странците во Кина е висок, но откако ќе го надминете, споделувате сè. Тие ја покажуваат грижата преку дела. Нивното внимание имаат можност да го имаат само малкумината кои се привилегирани да ги викаат пријатели.
Дали ви се допаѓа овој начин на функционирање?
С. С. | Црнобело