Дечко и девојка ги плаќаат за да имаат секс во луксузни хотелски соби, па потоа пишуваат еротски блог
- Детали
- вторник, 20 февруари 2018
Дечко и девојка од Австралија, Џесика и Џастин, победиле на натпреварот за еротски патувачки блог и сега ќе патуваат низ светот и ќе имаат секс низ различни хотелски соби, па потоа ќе го раскажуваат искуството.
Бесплатно им биле доделени 14 ноќи низ хотели во Австралија, каде секоја ноќ треба да испланираат, доживеат и прераскажат едно еротско случување.
„Светлата точка во нашата соба беше надворешниот туш и нишалката која висеше од покривот. Нишалката беше на совршена висина и беше отворена покана за нашата нова авантура...“ е само еден дел од прераскажаните авантури на овој пар.
Парот е заедно 6 години, па нема проблем да биде отворен на оваа интимна тема.
„Целиот процес на селекција се одвиваше преку организиран натпревар на Инстаграм, а во конкуренција беа уште неколку парови. Направивме мини-квиз и видео во кое се претставивме и двајцата, пред да направиме Скајп интервју. Беше напнат процес, но едноставно имавме добро претчувство и со Џес сакавме да се обидеме да победиме,“ раскажува момчето.
М. Д. | Црнобело