Ќебапи и риба за младолик изглед - Ќе погодите ли колку години има оваа турска пејачка?
- Детали
- петок, 17 ноември 2017
Ајда Пекан е турска пејачка, која изгледа неверојатно и сме сигурни дека кога ќе ги погледнете нејзините фотографии, нема да погодите колку години навистина има.
Верувале или не, прекрасната пејачка во февруари оваа година ќе наполни 72 години.
Нејзината формула за младолик изглед се редовните тренинзи, козметичка хирургија, спа третмани за против стареење, како и јадењето месо и риба.
На социјалните медиуми Ајда има изјавено: „Секогаш внимавам што јадам. Но, не можам да кажам дека го лимитирам изборот на храна. На пример, многу сакам ќебапи и риба.“
72-годишната пејачка има преку 400.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил и постојано објавува фотки од нејзиниот гламурозен живот.
Нејзиниот совет за младолик изглед, кој можете и вие да го практикувате доколку сакате на 70 години да изгледате како неа, е следниов:
„Пешачам и пијам многу вода. Не можам да го замислам животот без вода. Секое утро пијам мешавина од ѓумбир, лимон и мед во чаша вода. Никогаш не сум посакувала да бидам фигура за прекрасна жена, но секогаш сум се грижела за своето тело. Генетиката и спортот се многу важни за да останете во форма.“
Инспирирајте се од нејзиниот изглед и свежина кои секој би посакал да ги има на нејзина возраст:
М. М. | Црнобело